Секоја година на 11 Декември се одбележува Светскиот ден на планините, со кој се потсетуваме за нивната голема важност и улога како обезбедувачи на вода и храна. Денес децата беа креативни и со различни ликовни техники изработија прекрасни планини, но и разговаравме за важноста од чување и почит кон природните убавини.