Во рамките на проектот „Традицијата во РСМ - храна и обичаи“ децата од групата Зајчиња од објект Карпош 4, во месец Јануари, се запознаа со традиционалните садови кои се користеле во домаќинството, со грнчарството како занает, како и со глината како ликовна техника за изработка на традиционалните садови. Целта е кај децата да се развиваат способности за користење на своите непосредни искуства во процесот на учењето како и да се стекнат со вештини за користење на разни ликовни материјали.