Децата од групата Пчелки од објектот Карпош 3 во склоп на проектот „Природата ги прави децата посреќни“, во месец јануари го искористија снегот и ладното време за интересни активности. Преку играта учеа и откриваа, ја поттикнаа креативноста, а истовремено ги развиваа и негуваа позитивните емоции како што се: љубов, радост, среќа, задоволство, опуштеност и сигурност.