Возач на камион

Денес децата од возрасна група од 5-6 години, објект "Бисерчиња" научија повеќе за уште една професија "Возач на камион". За тоа ни помогна гостин родител кој на децата им објаснуваше повеќе за тоа како се станува возач на камион, што вози во камионот, а исто така на децата им раскажуваше и по некоја случка од патувањата со камионот. Благодарност за издвоеното време на родителот Љупче Петров.