Во чест на роденденот на еден од најголемите писатели за деца, Ханс Кристијан Андерсен, се слави Светскиот ден на литература за деца, со цел развивање на љубов кон книгата и поттикнување на читањето, како еден од клучните сегменти за развојот на детето. Децата од нашата градинка го одбележаа овој ден низ прекрасно доживување со многубројните интересни басни и сказни.
„Втори Април е светски ден - роденден на Ханс Кристијан Андерсен.
Тогаш е празник на книгата за деца, на секоја шарена и убава сликовница!
Книгата се чува, не се оштетува, кога треба пак се препрочитува.
Книгата се сака, се гушка, се милува, сечија душа и умот го збогатува.“
Фотографиите и видеата можете да ги погледнете на следниот линк: