Учиме да компостираме

Во рамките на проектот „Екологија со Еко - Опоменко и Еколина“ децата од групата Бубамари од објект Први стапки учеа како органските отпадоци од градината и отпадот од кујната да го претворат во плоден компост (ѓубриво) со цел одржлив развој на заедницата, можностите за реупотреба на материјали и како тие влијаат на животната средина. Децата развиваа одговорност за зачувување на природата и ги проширија нивните знаења.