Денес во рамки на Детската недела имавме инклузивна работилница со наслов „Читаме без дискриминација“, преку читање на инклузивната сликовница „Другарите од Зоолошката градина“, авторско дело на Гордана Симоновска Момировска. Тоа што ја прави оваа сликовница посебна е достапноста за сите деца, отпечатена со Брајово и кирилично писмо, со кое имаа можност да се запознаат децата од нашата градинка. Наши денешни гости беа Филип Величковски и Тина Јакимовска од ОУ „Димитар Влахов“, деца со оштетен вид, кои на практичен начин им го доловија начинот на описменување на лица со оштетен вид. Покрај децата, во градинката почесен гостин беше сопругата на амбасадорот на Р. Словачка, г-ѓа Жанет Маркушова, како и претставници од Општина Карпош и родители.