Во рамките на проект „Светот на птиците“ децата од групата Мечиња, објектот Ѕвездички, беа во посета на Зоолошката градина и имаа активности со кои ги развиваа способностите за препознавање и класификација на птиците според местото на живеење, родот и карактеристиките. Разгледуваа енциклопедии, набљудуваа, учеа и откриваа, а потоа групата изработи групен постер за видовите птици.
Воспитувач: Анкица Крстевска
Неговател: Снежана Миновска