Вежбаме и се забавуваме

Во рамките на проектот „Ајде да си играме - Спорт и видови спортови“ децата од групата Зајчиња, објект Бисерчиња, се запознаа со значењето на Олимпијадата - како најголемо случување кој ги вклучува сите спортски дисциплини и знакот - олимписките кругови.
Беше организирана посета на Атлетскиот клуб „РАБОТНИЧКИ“ - каде децата вежбаа со атлетските тренери Симона и Кирил. Децата активно учествуваа во тренингот прилагоден за нивната возраст и успешно ги реализираа зададените вежби. Голема благодарност до клубот и до тренерите.
Воспитувач: Елена Зафировска
Неговател: Сабине Јакимова
Педагог по физичко воспитание и образование: Оливера Димовска Иљовска