Децата од групата Ѕвездички, објект Бисерчиња во рамките на проектот „Книгата – верен пријател“, ги раскажуваа приказните на баба и дедо, се запознаа со богатото народно богатство и култура и учествуваа во драматизација на приказната "Умната Маричка". Целта е да се запознаат со одбраните прозни и поетски дела од народната книжевност, да го негуваат мајчиниот јазик и да се поттикнат да прифаќаат игри на улоги.
Воспитувач: Александра Андреевска
Неговател: Зухра Рушити