Тргнуваме на училиште

Во објектот Први стапки, со родителите на децата од големите групи, од страна на педагогот и психологот на градинката беше одржана презентација на тема „Тргнуваме на училиште“. Целта на презентацијата беше запознавање на родителите со потребните информации за упис на децата во училиште, подготовка како и препораки за полесна адаптација.