ПРЕКУ ИГРА ДО ЗДРАВО ТЕЛО

Децата од групата Пајчиња, објектот Бисерчиња, беа дел од проектот „Вежбаме и се забавуваме – корективна гимнастика, деформитети и нејзина корекција“ на педагогот по физичко образование Оливера. Со децата се разговараше за рамни стапала, проблем кој најчесто се јавува во децата од предучилишна возраст, а потоа изработија различни вежби. Научија дека редовно треба да ги вежбаат вежбите, дека се многу забавни и корисни за правилно држење на телото.