Денес во групата Мечиња објект Први стапки на гости ни дојде дедото на Лука- Брацо Матеничарски кој е тренер и наставник по физичко. Децата ги запозна со различните видови спортови, индивидуални и групни каде тие активно се вклучуваа во разновидните спортски игри, јакнејќи го натпреварувачкиот дух. Голема благодарност до Г-дин Брацо Матеничарски кој ни го направи денот посебен.