Големите групи од објект Бисерчиња беа во посета на изложбениот центар Матка, каде имаа прилика да се запознаат со еволуцијата на електричната енергија. Децата имаа можност да научат како сончевата енергија се претвара во електрична со помош на електрични панели, како може да го искористиме ветрот и да создадеме електрична енергија со помош на ветерници. Скопје - прв град во нашата држава кој започнал со користење на струја во 1909 година. Првата електрична централа изградена 1882 година, беше дел од едукативната програма со која се запознаа децата.