На ден 15.05.2023 год децата од објектот Бисерчиња, од групите Пајчиња 5-6 год, и Ѕвездички 4-5 год, беа во посета на Воздухопловнана единица ВИНГ. Тие се запознаа со работата на пилотите, ги видоа авионите и хеликоптерите за обука на пилоти. Имаа можност да слушнат како се обезбедува воздушна подршка и транспорт на единиците на Армијата, воедно при елементарни непогоди и катастрофи врши цивилно пребарување и спасување, гаснење на пожари и медицинска евакуација.
Голема благодарност до родителот - потполковник Антониела Станковска-Будимир која ни овозможи посета и реализација на посета.