Преку активности кои имаа за цел да се одговори прашањето „Како се прави чоколадото?“ и „Кривата кула во Пиза“, децата од групата Бубамари, објект Први стапки, го финализираа проектот „Моите чудни прашања“. Се проследи видео материјал за историскиот развој на правење чоколадо, како и се посети продавницата за чоколада „Европа“, а преку деталната презентација на родител Ирена Смилјаноска- Архитект, 3D анимација и игри со хартија децата се запознаа со кривата кула во Пиза.
Преку интересните активности и игра, на децата наместо веднаш да им се одговори, преку потпрашања и развивање љубопитност се наведоа самите да дојдат до одговорите и се поттикнаа да решаваат проблемски ситуации.