Здрав оброк за секое дете

Денес во нашата градинка, преку проектот „Здрав оброк за секое дете“ беше дистрибуирано свежо сезонско домашно овошје (кајсии) за нашите најмлади, децата во градинката.

Овој проект е дел од Програмата за поттикнување на потрошувачка на свежо овошје за 2023 година на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Проектот ќе трае од 17.07.2023 год. до 15.12.2023 год., и секое запишано дете во градинката ќе добива по 1 кг. неделно.

Целта на овој проект е да се подигне свеста за значењето на овошјето во секојдневната исхрана и да се развиваат навиките за негова консумација од најмала возраст.