По повод денот на штедењето, групата Мечиња 5-6 год. објект Ѕвездички беа во посета на Комерцијална банка, филијала Буњаковец каде на директен начин се запознаа со работата на банката и начините на штедење. Им благодариме на родителите Драган Лекиќ и Христина Андреевска што ни ја организираа посетата како и на Комерцијална банка за убавиот дочек и прикладните подароци за дечињата.