Безбедност на храна

Раководителите на секторот за детска заштита и образование Виолета Антевска и Гордана Зафировска од Општина Карпош во објект Бисерчиња, заедно со Агенцијата за храна и ветеринарство, реализираа работилница на тема “Безбедна и квалитетна храна“. Предавачи беа Светлана Колариќ државен советник за храна и ветеринарство и Светлана Миновска раководител на сектор за проценка на ризик и безбедност на храна.
На работилницата беа присутни вработените во кујните и здравствените тимови од градинките од општина Карпош.