Во соработка со музичкиот педагог на градинката, децата од групата Пеперутки, објект Бисерчиња, во рамките на проектот „Во светот на музиката“ се запознаа со дувачките инструменти. Децата преку интересната презентација, креативните изработки и сликовницата „Магична флејта“ ја развиваа способноста за слушање, разбирање и доживување на сликовницата, користеа различни ликовни и неликовни материјали, а пред се се запознаа и ги именуваа различните дувачки инструменти.
Воспитувач: Анета Димишковска
Неговател: Елена Стојковска