Дел од стручниот тим во нашата градинка учествуваше на еТвининг конференција, одржана од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, на тема „Примена на еТвининг како иновативна и едукативна алатка“. Со цел да се пренесе искуството за начините на истражување, можностите и предностите што ги нуди еТвининг платформата, педагогот и психологот одржаа дисеминација на истата тема, за воспитно-образовниот тим во градинката.