Во организација на "Детски ликовен центар" - Скопје се одржа Меѓународна детска ликовна изложба "13 Ноември". Изложбата се одржа по повод Денот на ослободување на градот Скопје, а учество зема и градинката "Орце Николов". Меѓу наградените млади ликовни творци беа и вредните и креативни дечиња од нашата градинка: прво место Кристијан Кировски, второ место Драгана Паланкова и трето место Љубица Станоева.