Со многубројни креативни активности, денес во нашата градинка го одбележавме Светскиот ден на животните. По тој повод децата од групата „Пеперутки“, објект Карпош 2, ја посетија Зоолошката градина и присуствуваа на пуштање во употреба на првата интерактивна фонтана за донации.