Групата „Јаболчиња“, објект Карпош 3, ја обработија сликовницата „Како се чувствуваме“, која е во рамки на проектот „Размислувај еднакво“. Низ креативни активности децата имаа можност да ги препознаат, именуваат и изразат своите емоции, како и да ги препознаат емоциите на своите другарчиња.