Сликовницата „Приказна за цвекленце“ е дел од едицијата сликовници во рамки на проектот „Размислувај еднакво“ кој се однесува на поттикнување на социоемоционалниот развој кај децата. Оваа едукативна и интересна приказна им овозможи на децата од групата „Јаболчиња“, 5-6 години, објект „Први стапки“ да ја развиваа емпатијата, љубезноста и пријателството.