Во рамките на проектот „Ајде да играме – Спорт и видови спортови“, децата од групата Зајачиња објект Бисерчиња, во месец април се запознаа со кајакарството - спорт за оние кои сакаат вода.
Децата имаа можност да ја посетат патеката „Матка“, на која се одвиваат натпревари на диви води, се запознаа со Ангел Петрушев најдобриот македонски кајакар кој што им објасни се она што децата треба да знаат за кајакарството како спортско - рекреативна дисциплина, која бара посветеност и истрајност.