Вчера двете големи групи од објектот Први стапки, група "Бубамари" и група "Мечиња" имаа можност да остварат едукативна посета на "Меѓународен Аеродром Скопје".
Децата имаа можност да видат,да се запознаат и да стекнат знаења за аеродромот, воздухопловните летала, кулата за контрола на летање и правилата на однесување на патниците и вработените, како и да ги видат просторите во аеродромот се до пистата на која слетуваат и полетуваат авионите.