Нашата градинка во соработка со „Музеј на Македонската борба за самостојност“, со проект поддржан од Министерството за култура, реализира детска изложба во Порта Македонија.
Изложбата со креативни цртежи на децата од групата Бубамара, објект „Први стапки“ со наслов „Пролетта во мојот град“, ќе биде поставена од 11-19.05.2023 година и може да ја посетите од 9:00 до 15:00 ч.